Подарени Нови Завети во КПУ „Идризово“

 

Деновиве, со благослов на нашиот старец, Неговото Високопреподобие, аримандрит Партениј, здружението за помош и духовна наобразба на осудените лица „Prision Fellowship International – Macedonia“ (PFIM), во соработка со Библиското здружение на Р. Македонија, ја посетија КПУ „Идризово“ во Скопје и подарија 200 Нови Завети и други изданија на Библиското здружение, како и друга православна душеполезна литература. Нашиот собрат, јероѓаконот Силуан, како претставник од Бигорското братство во PFIM, заедно со генералниот секретар на Библиското здружение, проф. Петко Златески, остварија средба со директорот на КПУ „Идризово“, г. Живко Пејковски. На конструктивната средба беше разговарано за понатамошно унапредување на соработката помеѓу PFIM и КПУ „Идризово“ во поглед на едуцирање на осудените лица за православната духовност.