Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, на 4 февруари 2017 година, во просториите на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, беше одржано собрание на кое се основа здружение на професорите по предметот Етика во религиите, кое беше именувано со називот „ПРОСВЕТЛЕНИЕ“.
Собранието ги избра и утврди работните тела и комисиите на здружението, а се говореше и за понатамошните активности на членовите.
Целта на постоењето на ова здружение е предметот Етика во религиите, кој сега, всушност, е изборен предмет во VI одделение, да стане задолжителен наставен предмет во образованието. Исто така, здружението ќе се стреми и кон создавање на услови за поорганизирано работење и соработување меѓу професорите по предметот Етика во религиите, ќе работи кон организирање на семинари, симпозиуми и конференции, потоа изготвување и реализација на проекти кои ќе придонесат да се збогати наставата по предметот Етика во религиите, ќе се труди во промоцијата на етичките, едукативните, хуманитарните и граѓанските вредности во Република Македонија и надвор од неа.
Членовите на здружението изразија надеж дека целите кои беа поставени во стратешкиот план, ќе бидат успешно реализирани.