Унгарија ќе обновува 4 православни цркви

Во контекст на претстојната посета на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на Унгарија, Владата усвои предлог за обнова на 4 православни цркви, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Важна тема на посетата ќе биде соработката во областа на културата.

„Ние се радуваме што Владата усвои предлог за реконструкција на 4 православни цркви во Унгарија и издвојување на средства за тоа“, изјави Сијарто во интервју за списанието „Комерсант“.

Тој исто така истакна дека Унгарија ја почитува културата и религијата на Русија и го истакнува фактот дека 4 од секои 5 убиени луѓе заради верата се Христијани. „Христијанството денес е најмаченичката религија на светот. За жал, ако му го кажете тоа на Западот, тие ве гледаат како вонземјанин. Изгледа дека христијанофобијата е последниот облик на дискриминација кој и понатаму се смета за прифатлив… На последниот совет на министрите за надворешни работи при Организацијата за безбедност и соработка во Европа, му спомнав на Сергеј Лавров дека покрај нив, уште само ние зборуваме за заштита на Христијаните“, се пожали Сијарто.

Извор: Веронаука.нет