Британската медицинска асоцијација бара бремените да не се нарекуваат „идни мајки“

По мислењето на организацијата, тоа може да ги навреди транссексуалците

Во своите официјални препораки, Британската медицинска асоцијација им препорачува на своите 16. 000 членови, место употребата на терминот „идна мајка“, да се користи збороформата „бремен човек“, пренесува Dailymail.

Оваа иницијатива предизвикала поделени реакции во Велика Британија. Некои ја поддржуваат безусловно, а други ја нарекуваат „антинаучна“.

Членот на Конзервативната партија, Филип Дејвис, препораката на Медицинската асоцијација ја нарекол „сосема смешна“, додавајќи: „Ако не можете да ја наречете бремената жена идна мајка, тогаш каде се движи светот?“

Превод: Презвитер Бобан Митевски

Извор: Pravlife