Годишно Собрание на Асоцијацијата на професори по „Етика во религиите“

Деновиве, во просториите на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје, во пријатна атмосфера се одржа годишното Собрание на Асоцијацијата на професори по „Етика во религиите“ „Просветление“.

На собранието беа сумирани сите активности кои Асоцијацијата ги презеде во текот на 2017 година, како и резултатите од нив, а беа разгледани и идеи за новите активности планирани за 2018 година. Притоа, беше презентиран и веб сајтот на Асоцијацијата „Просветление“, за кој се очекува да стане активен во текот на тековниот месец. Беше направена и презентација на Зборникот на трудови, кој има наслов: „Христијанското образование, состојби, предизвици, очекувања“, кој ги содржи сите предавања, произнесени на минатогодишните два семинари што ги организираше Асоцијацијата.

Според сѐ она што досега е направено, членовите на Асоцијацијата заклучуваат дека истата е на добар пат за остварување на своите цели, меѓу кои примарната – утврдување на статусот на предметот Етика во религии во образованието.