Во рамки на вчерашната посета на Дебар, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го посети и женскиот манастир „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица.
– Сестра Ефимија ме пречека во манастирот и во разговорот со неа ги дознав вредните информации за производите кои ги произведуваат во манастирот. Нејзиното гостопримство ја исполни мојата посета со позитивни емоции. Прекрасно место кое остава силен впечаток, објави министерката.Манастирот е метох на Бигорскиот манастир. Се до 1945 година во него опстојувало братство кое било забрането од комунистичката власт.
Од 1999 година благодарејќи на иницијативата на владиката Партениј, манастирот беше возобновен, а воедно беше возобновено и женското монашко сестринство. Вредните раце на сестрите тука ги прават круните на поглаварите во православието ширум светот. Тој е еден од најубавите македонски манастири, зашто ако има место каде што природата ги дарувала сите убавини, тоа, секако е селото Рајчица, што потсетува на рај, каде се извишува манастирот. Чистиот воздух и погледот врз ширта на Дебарско Езеро само ја надополнуваат убавата глетка на уште поубавиот манастир.Извор: МИА