Деновиве повторно скитот Свети Кирил и Методиј, кој е сместен во прекрасниот предел и подножје на планината Дешат, над селото Битуше, беше место каде што се собраа поголем број деца од целата наша држава, кои беа дел од детскиот летен камп по Вероучение, организиран по иницијатива на нашиот Старец, епископот Антаниски г. Партениј,
Деновите поминаа во атмосфера на непосредна радост и дружба, овој пат со најмладите, кои низ едукативни работилници и спортски игри, потоа рекреација што во изобилие ја нуди овој живописен планински предел, како и неизоставните часови по Вероучение, научија значајни нешта за возвишениот христијански морал. Особено важни за нив беа и поуките дадени во поглед на живата социјална интеракција и другарувањето, кои во современ контекст недостасуваат меѓу децата.
Уште еднаш топло им се заблагодаруваме на нашите штедри донатори: Лакталис, Жито Лукс, Жито Полог, Кристал 1923, Драни Премуим, Витаминка, Куќа на Мијаците, Просветно дело, издавачка куќа Ѓурѓа и многуте добронамерни граѓани кои го дадоа својот допринос кон реализацијата на овие школи.