Англија: Откриен мозаик со изображение на Св. Георгиј Победоносец

Извор:

Уникатен древен римски мозаик кој, според научниците, го претставува житието на св. Георгиј Победоносец беше пронајден во Англија.

Мозаикот е толку добро сочуван што археолошката заедница на Велика Британија веќе го нарече „највозбудливиот“ пронајдок во земјата за последниот половина век.

На мозаикот, кој датира од IV век, Свети Георгиј е претставен на коњ и го лови митското чудовиште кое има глава на лав, тело на коза и опашка на змија.

„Бев шокиран. Мозаик со толку многу форми… Сопственикот на римската вила во којашто беше пронајден мозаикот, многу јасно сакал да ги покаже своите знаења“, велат археолозите.