Пронајдени уникатни ранохристијански фрески од IV век

Извор:

 

Благодарение на напорите на реставраторите, одново станаа видливи стотици векови скриените фрагменти од фрески во римските катакомби Домицила, уникатен споменик на ранохристијанската уметност. Италијанските археолози ги пронајдоа фреските со помош на ултра ласер.

„Кога започнувавме со работа сите сводови беа комплетно црни. Различните бранови должини и хроматската селективност ни помогнаа да се ослободиме од црнилото без да ги оштетиме изобразбите. До скоро тоа беше технички невозможно да се направи“, раскажува раководителот на проектот Барбара Мацеи.

Во средината на таванската фреска е изобразен Господ Исус Христос седнат на трон. Од обете страни се изобразени, како што сметаат експертите, или светите Апостоли Петар и Павле, или мачениците Нериј и Ахилиј – римски војници што примиле христијанство. Исто така и на ѕидовите има изобразено различни библиски сцени меѓу кои и илустрација на тоа како Господ Исус Христос нахранил 5 илјади луѓе со 5 леба и 2 риби.

Фреските датираат некаде од 360 година од нашата ера. „Богатите римјани последни од сите граѓани се обратиле во христијанство. До средината на IV век од нашата ера сите тие биле јазичници“, изјави од своја страна папскиот претставник за свештена археологија, Фабрицио Бисконти.