Во Русија закон против интернет групите што поттикнуваат на тинејџерско самоубиство

Извор:

Советот на Руската Федерација на својата пленарна седница го усвои Законот за кривична одговорност за формирањето на така наречените интернет групи на смртта кои ги повикуваат малолетниците кон самоубиство. Како што претходно соопшти заменик претседателот на Комитетот за уставно законодавство при РФ, Елена Мизулина, со овој закон се предвидува кривично гонење за организирањето на така наречените групи на смртта и онлајн игри со суицидална тематика, како што е „Бегај или умри“. За нив е предвидена максимална казна од 6 години затвор поради поттикнување кон самоубиство, а особено меѓу  малолетниците.

Освен тоа, постоечкиот член 110 за „поттикнување на самоубиство“ е надополнет и со норми за зголемена одговорност во поглед на поттикнувањето самоубиства кај малолетни и бремени лица. Максимална казна за поттикнување на самоубиство кај деца и малолетници е лишување од слобода во траење од 8 години.