На својата последна седница, Светиот Синод на Константинополската Патријаршија донесе одлука Старицата Гаврилија (Папајанис)да биде официјално канонизирана. Мајка Гаврилија († 1992) – грчката православна монахиња која целиот свој живот го посвети во грижа за сиромашните и болните, меѓу православните верници е позната под името „Подвижничка на љубовта“. Одлуката за канонизација беше донесена по иницијатива на Патријархот Вартоломеј, а на барање на Митрополитот на Лерос, Калимнос и Астипалеа. Митрополијата го назначи Митрополитот Кирил од Родос, да создаде служба на св. Гаврилија, која се упокои во Лерос.
Поврзано
Порака на Вселенскиот Патријарх за заштита на природната средина
- 13 септември 2024
Срдечни празнувања на Имврос со благослов од Свети Гервасиј
- 18 август 2024
Божествена Литургија на Имврос под отворено небо
- 17 август 2024