Македонскиот претседател ја посети Железната црква „Свети Стефан“

Извор:

Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов ја посети познатата, т.н. Железна црка „Св. Стефан“ во Цариград.

Една од светињите на Преродбата во 19 век, Железниот храм „Свети Стефан“, неодамна беше востановена во својот полн блесок и сега одново привливлекува со својата убавина илјадници посетители и гости на Истанбул. „Свети Стефан“ е единствената железна црква во светот и е еден од најзначајните паметници на преродбенската архитектура и култура. Целосната реставрација и ремонт на „Свети Стефан“ траеше 7 години, но ѝ претходеше утврдување на сопственоста со нотарски акт во 2004 г. Црквата, осветена во 1898 г., е со целосно железна конструкција и оттаму ѝ доаѓа името „Железната црква“. Во присуство на патријархот Неофит, како и на бугарски и турски раководители, на 7-ми јануари 2018 г. храмот беше отворен официјално после полната реставрација.

Ѓорге Иванов е првиот странски претседател, којшто ја посетува црквата по нејзината потполна реставрација. Иванов беше пречекан од бугарскиот конзул Ангел Ангелов. Информацијата е на репортер на бугарската новинска агенција БГНЕС.
Железната црква „Свети Стефан“ е мошне значајна и за нашата историја, бидејќи во неа служеле и многу македонски духовници од Егзархијата, меѓу кои: Партениј Зографски, Методиј Кусев, Натанаил Охридски, Козма Пречистански и тн. Впрочем, во нејзиниот двор се наоѓа гробот и на нашиот великан, светиот владика Партениј Зографски.