Групна крштевка во новиот кенијски православен дом за сирачиња

Извор:

Православниот дом за сирачиња „Св. Тавита“ во Кенија со голема радост го прослави крштевањето на околу триесетина дечиња и возрасни кои беа приведени во спасителната Христова вера. Крштевката ја изврши директорот на домот, о. Агапиј Омукуба во водите на локалната река во селото Малава. Мисијата на домот за сирачиња „Св. Тавита“ и школото е да спаси колку што е можно повеќе дечиња од беда и прерана смрт. О. Агапиј вложува секаков напор на децата да им обезбеди сигурно место за живот и се грижи за секоја нивна потреба, вклучително школување и медицинска нега. Со секоја своја нова посета на сиромашните квартови во Најроби, тој спасува сè повеќе деца и ги вдомува во Малава. Со цел да се обезбедат потребните услови, според благословот на епископот Атанасиј а благодарение на дарежливоста на многу благородни души, Црквата се потруди да купи големо земјиште на кое го изгради домот и ги постави темелите за идното школо, медицинска клиника и црква. Добротворната акција за собирање на потребните средства сè уште е во тек.