Празникот на Индиктот во Фанар

Извор:

Со особено торжество, согласно долговековниот црковен ред и предание, во средата, 1-ви септември, во Вселенската патријаршија беше празнуван почетокот на Индиктот и Соборот во чест на Пресвета Богородица Памакаристос, чија света икона се чува во чесниот Патријаршиски храм. Денешниот ден, од 1989 година, е посветен и на молитва за заштита на природната околина.

Во својата порака, Вселенскиот патријарх се осврна и на катастрофалните пожари кои се појавија во целиот свет, како и на пандемијата, потенцирајќи го следново:

„Се молиме за брзо надминување на последиците од здравствената криза и за просвештение од Бога на сите светски влади, за да не се вратат или да инсистираат на економизам, односно на оние начела за организирање на економскиот живот, производство и потрошувачка и исцрпувачко искористување на природните резерви, како што тоа беше случај пред пандемијата.

„Искрена молитва на Нашето смирение е и укинувањето на ширењата на псевдо-научни ставови за наводна опасност од вакцинирањето против Ковид-19, клеветењето на стручните лица и нестабилното потценување на сериозноста на болеста. За жал, слични ставови се шират и по однос на климатските промени, нивните причини и нивните последици. Стварноста е потполно различна, а пред неа се бара одговорност, содејство, солидарност и заедничка визија.

„Неразумно е да бидеме бездејствени, додека ги знаеме големите и современи, заеднички за човечкиот род, предизвици. Незаинтересираноста за сочовекот што страда и за катастрофата на ‘многу добро’ создадената твар е навреда на Бога и пренебрегнување на Неговите заповеди. Каде што постои почитување на на тварта и дејствителна љубов кон ‘возљубениот од Бога’ човек, таму е присутен и Бог“.

Утрото, Вселенскиот патријарх претстоеше на Божествената Литургија која беше совршена во Патријаршискиот храм, а му сопретстоеја и архиереите на Престолот, кои допатуваа од сите краишта на вселената, за да учествуваат на Соборот на јерархијата, која започна попладнето и ќе трае до петок вечер.

Се црквуваа и Високопреосвештениот архиепископ Антидонски г. Нектариј, епитроп на Пресветиот Гроб во Константинопол, генералниот конзул на Грција во Константинопол, Благородната г-ѓа Георгија Султанопулу, заедно со својот сопруг, Превосходниот г-дин Јоанис Раптакис, амбасадор на Грција во В. Британија, Сечесниот г-дин Олександр Гаман, генерален конзул на Украина во Константинопол, новиот архонт протоасикрит Сечесен г-дин Сотириос Чодрас, универзитетски професор, архонти, клирици, монаси и монахињи и верници од Градот, Грција и други земји.

На крајот беше одржан и востановениот чин на Индиктот, при којшто Патријархот ја прочита предвидената молитва и Акт за новиот Индиктион. Во продолжение го потпиша соодветниот текст во Кодиката на Великата црква и последователно потпишаа, според редот, сите присутни митрополити и архиепископи на Престолот.