Епископот Убиски г. Мелхиседек му ги пренесе на Вселенскиот патријарх честитките од патријархот Грузиски г. Илија.
„На оваа значајна вечер, на зајдисонце, кога православниот свет се подготвува да си спомне за изгонувањето на Адама од Рајот, ние кои живееме во вистинскиот Нов Ерусалим и вистинската и автентична Мајка Црква, Константинопол и Фанар, на најубав начин го вкусуваме влегувањето на Вашето патријаршиско срце во Рајот, срце кое чука точно осумдесет години, срце кое знае само да љуби и да разделува правда.
„Фанар, Ваша Сесветост, секогаш знае да се однесува како Мајка, зашто е вистинска Мајка. Таа е онаа што со трудови, лишувања и жртви ги родила сите понови Цркви, но и онаа што владее помеѓу древните Патријаршии на Истокот. Затоа ѝ се радуваме на секоја прилика кога се наоѓаме покрај Вас. Народот на Грузија Ве сака. Во Вашето лице го гледа оној патријарх што на Грузија ѝ го признава правото да пастирствува над Абхазија и Цхинвали (Јужна Осетија, н.з.).
„Цела Иберија ја изразува својата веселба и радост, честитки и молитви за Вашиот осумдесетти роденден и со вера во Бога извикува: Ваша Светост, нека се многу, навистина многу, Вашите години. Нека Ве пази Бог на кормилото на Црквата силен, непоколеблив, непоместлив, основан, столб непоклатен на благочестието,“ рече помеѓу другото грузискиот епископ, трогнувајќи го патријархот Вартоломеј.