Хуманитарната помош од Хуманитарната организација „Свети Спас“ пристигна во Драч

Извор:

Хуманитарната организација на скопската православна епархија при МПЦ- ОА „Свети Спас”, со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, донираше хуманитарна помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Драч, Албанија. Донацијата која што беше собрана изминатите денови, беше предадена во манастирот „Свети Власиј“ во Драч каде што моментно се сместени 150 луѓе кои ги изгубија своите домови, а во наредниве денови очекуваат уште минимум 150. Во манастирот беа пречекани од Високопреосвештениот митрополит на Аполонија и Фиер г. Никола, кој воедно е и декан на Теолошкиот факултет кој функцонира во рамки на манастирот. Прсуствуваше и свештеникот на Албанска православна афтокефална  црква отец Илија Мазнику, Македонец по потекло од Голо Брдо.

Претставнците на албанската црква изразија огромна благодарност кон Неговото блаженство г.г. Стефан, кон донаторите и кон МПЦ – ОА. Митрополитот Никола покрај благодарноста испрати благослов до сите донатори и до целиот наш народ. Од оганизацијата искажуваат голема благодарност до компаниите и поединци кои се одѕвале на хуманитарната акцијата за помош и најавуваат дека продолжуваат со активности за собирање помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија. Инаку, помошта се состои во млеко, паштети, месен нарезок, памперси, влажни марамчња, јоргани, прекривачи, палента, сјај и шампон, јакни, патики стартки, детски чорапи,ќебиња и разни прехрамбени производи.