Заедничка Литургија во Фанар испраќа порака до Москва

Извор:

По повод празникот на Вселенската Патријаршија, споменот на Св. Андреј Првоповикан, многу претставници од Кипарската, Грчката, Украинската и Александриската Црква зедоа учество во заедничката Литургија, која ја отслужија Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Патријарх Теодор Александриски. Овој настан беше добра можност да се покаже дека Патријаршиите на Константинопол и Александрија остануваат во единство и покрај притисоците и санкциите на Московската Патријаршија поради признавањето на автокефалноста на Украинската Црква.

Секако, двата Патријарси го спомнаа Митрополит Епифаниј Киевски кој беше запишан во Диптихот. Сепак особено важно беше учеството на претставникот од Кипарската Црква, Митрополитот Василиј Констанциски.

Во своето обраќање до присутните, митрополитот Макариј Аркадиски, нагласи дека овај ден е многу значаен не само за Вселенската Патријаршија туку и за Православието во целина. Ја пофали храбрата одлука на Вселенскиот Патријарх да ѝ додели автокефалија на Украинската Црква Тој додаде дека не доделувањето на автокефалија не е во духот на Вселенската Патријаршија која досега доделуваше автокефалии на сите Православни Цркви на независни држави: „ Заканите и навредливите нешта што се кажани за Вас се неправедни, бидејќи Вие успеавте да и дадете автокефалија на Украинската Црква, која што е дел од независна држава. Историјата ќе докаже дека вашата храбра одлука е правилна. Ќе бидете почитувани од православните Украински верници станувајќи дел од нивната историја“. На крај заклучи: „ Оној што сака да ја занемари Мајката Црква во Константинопол, треба да ги избрише светите Отци, Преданието и заветот на Православието“.