Во текот на последнава откровителна година, благословот на т.н. Украинско црковно прашање стана од Бога повод да се откријат тајните на многу срца и да се оддели златото од јаловината. Помеѓу останатите катастрофални и неправославни од еклисиолошки аспект ставови, последно го слушнавме и тоа дека Ерусалимската патријаршија била, или би требало да биде прва по чин, како „Мајка на Црквите“. Затоа сметавме дека е потребно да потсетиме на една исклучителна и многу богословска беседа на Високопреосвештениот митрополит на Навпакт и Свети Власиј г. Јеротеј, изговорена на 31 август 2005 година во Фанар, пред Сесветиот Вселенски патријарх г. г. Вартоломеј, при посетата на поклоничка група од Навпактската митрополија на Мајката света и велика Христова Црква.
Митрополитот г. Јеротеј, цитирајќи зборови од великиот учител на Вселенскиот престол, Јосиф Вриениј, помеѓу другото, карактеристично забележува:
„За нас Православните Христијани Новиот Рим се изедначува со Новиот Ерусалим и тој е ‘Мајката на Црквите’.
„Од Вселенската патријаршија сите Цркви на вселената добиваат живот и го составуваат своето единство, зашто Вселенскиот патријарх е претседател на Синодот на Православните цркви по вселената, кој има уредувачка, обединувачка и главна улога, секако без да се укинува синодалниот систем, како што е востановено од отците на Вселенските собори. Тој му служи со самопожртвуваност на единството на сите Божји Цркви, интервенирајќи човекољубиво и расудливо тогаш кога треба и онаму кадешто треба.“