Поради што ова не е раскол?

Извор:

Автор: Архимандрит Кирил Говорун

  1. Бидејќи за раскол е неопходна согласност на двете страни, дека тие повеќе нема да имаат општење една со друга. Константинопол, се чини, не се подготвува да ги прекине односите со Москва.
  2. Затоа што во случај на глобален раскол, сите останати Помесни Цркви би биле должни да се определат, со кого се, но очигледно е дека нема да посакаат да се определат. Глобалното Православие ќе ги сочува односите и со Москва и со Константинопол.
  3. Евхаристиската еклисиологија, која стана популарна во XX век, со која православните почнаа да се идентификуваат, ја одигра таа лоша шега, бидејќи едностраното одбивање да се учествува во Евхаристијата, во светот на еклисиологијата, лесно се толкува како раскол. Но за докажување на Црквата ѝ е потребно повеќе, отколку што се опишува во евхаристиската еклисиологија (види ја мојата книга „Мета-еклисиологија“), и за раскол е потребно повеќе, отколку прекин на евхаристиските односи. Во XI век, на пример, Римскиот и Константинополскиот Патријарх си фрлале еден на друг анатеми, и оваа нивна расправија се подразбирала како локален конфликт. А прекинувањето на евхаристиското општење во првото илјадалетие било практично рутинска практика. Во самиот седми век, кого што јас го изучував според документите на раскараните патријаршии, човек би можел да се збуни, пребројувајќи ги таквите прекини.

Ова е заклучокот: ова не е раскол, а пукнатина, и тоа пред сѐ, пукнатина која е вообразена од една црква, затоа што мнозинството цркви нема ни да ја забележат истата (пукнатина).