Се упокои о. Плакида Дезеј

Извор:

На 7 јануари 2018 г. на 91-годишна возраст почина познатиот патролог и духовник, схиархимандрит Плакида (Дезеј). Схиархим. Плакида беше клирик на Цариградската патријаршија, основач на два метоси на светогорскиот манастир Симонопетра во јужна Франција – машкиот манастир Св. Антониј Велики и женскиот манастир Покров Богородичен.

Отец Плакида беше познат православен богослов, преведувач на библиски, светоотечки и богослужбени текстови на современ француски јазик. Долги години беше и редактор на серијата светоотечки дела Sources Chrétiennes.

Отец Плакида е роден во римокатоличко семејство. На 16 години заминува во еден од римокатоличките манастири со најстрог типик. На 30 години основа свой манастир, а на 41 преминува со целото братство во Православната църква.

Првото познанство на отец Плакида со источното христијанство е во време на неговите патувања во Париз, кога се запознава со познатите руски богослови архим. Кипријан (Керн) и Владимир Лоски. Таму за прв пат присуствува на Православна Литургија во институтот „Св. Сергиј“. Книгата на Владимир Лоски Mистичното богословие на Источната црква и беседите сo о. Киприjан за христологијата на Халкидонскиот собор и паламитското учење за божествените енергии му го дава на младиот римокатолички монах клучот кон разбирањето на православниот поглед за Црквата и човекот.

През 1960 г. го посетува Египет, кадешто живее во коптскиот манастир Деир-Суријани во Нитриската пустина и се запознава со манастирите во тој центар на коптското монаштво, нарекувано некогаш Скитска пустина.Преломно собитие во животот на отец Плакида е Вториот Ватикански собор. Решенијата на соборот и нивното влијание на Римокатолицизмот не оставаат во него надеж за „обновување на структурите и институтите на Римската црква преку враќање кон духот на светоотечкото учење“, пишува самиот тој во своите мемоари. Тој и раководеното од него братство започнуваат да бараат начин да се присоединат кон православието, без да предизвикаат скандал во Франција – ги проучуваат можностите во Романија, Грција и Србија, земји коишто браќата ги посетувале. Средбите со старците Пајсиј Светогорец, Ефрем Катунакиски и Емилијан од манастирот Симонопетра ги поттикнуваат да го приемат Православието на Атон. Отец Емилијан го убедува о. Плакида во необходноста да се крстат, според преданието на Света Гора за преминување од Римокатолицизам во Православие. Отец Плакида и уште двајца од браќата примаат крштение во Симонопетра во 1977 г. и се присоединуваат на манастирското братство – малку подоцна примаат схима и се ракоположени за јеромонаси. Потоа отец Плакида (Дезеј) се враќа во Франција за да ги основа таму двата метоха на Симонопетра и да направи огромно мисионерско дело.