15-те најзначајни настани со кои ја испраќаме 2020-та година

15-те најзначајни настани со кои ја испраќаме 2020-та година



Ретки се годишнините и јубилеите коишто одбележуваат не само одреден настан, процес или збиднување, туку во себе носат и цивилизациска порака, говорат за раѓањето на една цела култура, прославуваат општ духовно-историски образувачки континуитет. А особено ретки се оние годишнини, коишто, покрај сето ова, го пренесуваат и гласот од вечноста, од Царството на Божјата љубов и вистина, глас што повикува на покајание, на преумување, на духовно будење и обожение. (Повеќе…)



Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро, според зборовите Спасителови упатени кон учениците Негови: Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите и слуга на сите!. Тоа значи да се биде смирен работник на нивата Божја, служител на тајната на љубовта, на тајната на Евхаристијата, не само во храмовите Божји, туку и во живите храмови – срцата на луѓето. А светата Евхаристија, делото на Божествената Литургија, е дело на едно непрестајно благодарење кон Бога. Достоен! Достоен! Достоен! (Повеќе…)



Претседателот на државата, г. Стево Пендаровски го додели високото државно признание „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот Манастир (Повеќе…)



Во навечерието на прославата на големиот Јубилеј: 1000 лета од основањето на славниот и Свештен Бигорски Манастир, благодари Свети-Јовановата монашка Обител што се удостои како жив камен да се вгради во нејзините благословени ѕидини, каде молитвено се подвизувале бројни знајни и незнајни свети монаси, каде што соработници на Творецот му биле мноштво просветени и обожени дејци и каде што во науката на Божествениот Учител поучувале најголемите учители и преродбеници. (Повеќе…)



Себлагата промисла на Оној, Кој по Својата неизречена милост човекољубиво устројува сѐ и Кој го повика на високо епископско служење нашиот возљубен Старец и Игумен, отец Партениј, ги собра во свештенолепниот бигорски храм почитуваните архиереи на нашата света Црква, возглавени од архипастирот, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, за да го возложат на него својот благослов и со своите молитви да ја симнат на него благодатта на архиерејството. (Повеќе…)



На голема радост на нашата монашка заедница, деновиве од печат излезе новото книжевно издание на Свештената Бигорска Обител, подготвувано изминатава година: „Епископ Партениј, 25 години монах и свештенослужител“. (Повеќе…)



Светиот Апостол и Евангелист Јован Богослов, којшто во црковното предание е нарекуван уште и „Апостолот на љубовта“, си избра еден нов апостол на љубовта Христова, удостојувајќи го нашиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, да биде едногласно изгласан од страна на светите архиереи од Свештениот Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија и да го прими благословот на највозвишниот и свет, апостолски архиерејски чин. (Повеќе…)



Со серадосно ликување, Светата Бигорска Обител, заедно со притекнатите верници, достоинствено го дочека својот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, кој денес едногласно беше избран за нов епископ од страна на светите архијереи на Свештениот Синод на МПЦ-ОА. (Повеќе…)



Избликот на радост што го следеше торжеството во Охрид, го надополни и ликувањето на Бигорската обител, која за првпат го пречека својот игумен и пастир како носител на архиерејско достоинство. Радосните погледи на браќата и сестрите, зрачеа од љубов пред достоинствениот лик на Антанискиот епископ г. Партениј, нивниот возљубен татко, а сега и владика, додека во храмот се слушаа умилните возгласи на многолетствието и свеченото иподохи – чин за пречек на великодостојник. Силниот восклик: „Достоен“, што одекна во бигорскиот храм, му го даде на Старецот одговорот на нашите души, поставени пред новиот духовен предизвик што Бог го исправи на неговиот пат. Добредојде дома, Владико свети! (Повеќе…)



По повод великиот јубилеј на Свештената Бигорска Обител: 1000 години од нејзиното основање, Македонската телевизија подготви документарен филм за Бигорски. (Повеќе…)



Осветен прекрасниот параклис на Светиот отец наш Николај Чудотворец, кој се наоѓа во Источниот Палат од манастирскиот комплекс на Бигорскиот манастир. (Повеќе…)



Свечен концерт на Македонската филхармонија во чест на јубилејот: „1000 години Бигорски Манастир“. (Повеќе…)



„Овој Велигден е сосема подруг за мене… Во радоста ми е ист, но во амбиентот во кој се наоѓаме ми е поразличен. Оваа ситуација некако нè подразбуди од трката со времето… Се радувам, отец, што никогаш толку време не сум била со моите деца откако беа мали. Му благодарам на Бога и да Му се радуваме на Неговото Воскресение, Кој толку многу пострадал заради нас. Ве сакаме, отец! Добра Пасха!“ (Повеќе…)



Дар, но истовремено и уверување дека љубовта и мајчинската заштита на Пресвета Богородица се над секое страдание, над секоја тага и над секоја болест, вклучително и на оваа последнава, како и над сите лаги, злобни завери и поигрувања со човечката несреќа. (Повеќе…)



Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртен, помилуј нè! (Повеќе…)