Турски историчар бара итно затворање на Св. Софија поради ризик од нејзино уривање

Извор:

Во една своја неодамнешна појава на телевизија, истакнатиот турски историчар Илбер Ортаили, кој поседува почесно членство во Турското историско друштво и е член на Меѓународниот комитет за Отомански студии, побара итно затворање и забранет пристап на посетители во св. Софија, предупредувајќи дека оваа единствена архитектонска структура може да падне, доколку властите не преземат мерки.

Ваквите негови забелешки се своевиден заклучок на неговиот претходен став во врска со штетата што му е нанесена на овој историски споменик, после неговото претворање во џамија. Ортаили, ја нагласи неопходноста за затворање и екстензивно реставрирање на објектот, како и за сериозно намалување на годишниот прилив на туристи, кој е потенцијално загрозувачки за презервацијата на овој историски објект. Особено ја потенцираше потребата од итно поправање, чистење и реставрирање на инфраструктурата – подземните премини, системите за вода и инсталација, кои воопшто не се дизајнирани да поднесат толкав туристички сообраќај.

Исто така, историчарот упати критика и во врска со модификациите кои беа направени за споменикот да може да функционира како џамија, тврдејќи дека извесни додатоци, како што се купатилата и фонтаните, не се вклопуваат воопшто во историската и структурна целина на Св. Софија. Во врска со ова турскиот Министер за туризам и култура Мехмет Нури Ерсој, откри дека Св. Софија примила повеќе од 21 милион посетители од моментот кога беше претворена во џамија, пред 3 години.