Фанар: 32 години од изборот на Вселенскиот Патријарх

Денес, 22 октомври 2023 лето Господово, се навршуваат 32 години од изборот на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј на Првиот Трон на Православието.

Патријархот чиноначалствуваше со Божествената Литургија, која се изврши во Патријаршискиот храм на Светиот Георгиј во Фанар, во молитвено присуство на голем број на Архиереи на Тронот и многу верни.
На крајот од Божествената Литургија, Патријархот произведе нов Архонт на
Великата Христова Црква.