Француско-норвешки археолошки тим откри нови христијански урнатини во пустина во западниот дел на Египет, со што се потврдува дека постоел монашки живот во регионот во петтиот век од нашата ера, соопшти египетското министерство за антиквитети.
„Француско-норвешката мисија за време на своето трето ископување на локалитетот Тал Гануб Каср ал-Aгуз во оазата Бахарија откри неколку градби направени од базалт и од тули од кал“, се вели во соопштението до јавноста.
Комплексот е составен од „шест сектори кои содржат уртанити на три цркви и монашки ќелии на чии ѕидови има графити и симболи со коптски конотации“, рече Осама Талаат, шефот на одделот за исламски, коптски и еврејски антиквитети во министерството.
Шефот на мисијата Виктор Гика изјави дека биле откриени во 2020 година.
Ѕидовите на црквата биле украсени со „верски натписи“ и библиски пасуси на грчки јазик, откривајќи ја „природата на монашкиот живот во регионот“, вели Гика, потврдувајќи дека тоа јасно покажува дека монасите биле присутни во тој регион од петтиот век од нашата ера.