Чист понеделник

Ова е времето за покајание, ова е денот спасителен, почеток на постот: биди будна, душо, вратите на страстите затвори ги, и сврти се кон Господа.

✣✤✣

Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го умилостивиме.

✣✤✣

За тебе, душо, овој прв ден на постот нека ти биде за отфрлање на гревот, а и  момент за враќање кон Бога, за да ја избегнеш бездната на злото и да го возљубиш само патот што води кон вечниот спокој.

(СТИХОВИ ОД ТРИПЕСНЕЦОТ)