Богослужби на Велики Петок

Живот си, Христе, но во гроб се положи,
Ангелските воинства се исплашија,
славејќи го Твоето смирение.

Но, браќа мои, дали во овој час воопшто се потребни нашите зборови, кога нашиот божествен Спасител се полага себеси во гроб за избавување на човекот од адот? Не, во овој миг нашата уста треба да изговара само покајна молитва.