Си Се распнал заради мене…

Си се распнал заради мене, за да ми бидеш извор на спасение;
си бил прободен во ребрата, за да ми источиш капки на живот;
со клинци си бил прикован та, гледајќи ја длабочината на Твоите страдања,
да ја познаам висината на Твојата сила и да Ти пеам:

Животодавче Христе, слава на Твојот крст и на Твоето стрдање, Спасителу.

Принесена е најголемата жртва поради човечкиот грев. Извршено е најужасното недело! Невиноста и светоста се распнати на крст; благоста и добрината со копје се прободени; љубовта и милосрдието цинично се исмеани; праведноста и чистотата се приковани на срамен столб. Еве го крстот на кој е распнат Богочовекот.Човечкатак злоба и човечкото злосторничко владеење го извршија тоа најсрамно дело. Пратејќи го сведоштвото на евангелската историја со ужас слушаме за насилствата извршени над Христа Спасителот и за адските маки на кои бил изложен. Духот ни се згрозува и душата трепери, срцата се кинат од болка-додека ги слушаме евангелските известувања за Христовите страдања. Но што би станало ако бевме и ние лични сведоци на сето тоа? Дали би можеле да ја издржиме таа страшна и потресна глетка?

Оној што се облекува со Светлина како со риза, необлечен стосше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луге на крст го приковаа Господа на славата: тогаш црковната завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувашето на Бога, пред Кого трепери сё што е создадено: Нему да Му се поклониме.

Смирено да паднеме на колена пред крстот, на кој злобата го распна нашиот Спасител, и низ солзи да му вознесеме топла молитва: „Господи Исусе Христе, какви ужаси поднесуваш пради нас! Нашите души стојат пред Твојот голготски крст; но тие се измачени, јадосани и скршени. Срцата ни се потиштени и треперат; тие се стегаат од болка, гледајќи Те Тебе на крстот, а Ти си љубов и светлина. Господи, човечката грешна рака го изврши тоа грозно дело. И сега таа грозна глетка ги парализира сите наши чувства. Но таа глетка едновремено и нè охрабрува, оти веруваме де ка Ти ги прифати тие маки на крстот за да не препородиш и да не спасиш. На Твоето маченичко лице гледаме како свети љубовта. Низ многу векови таа љубов зрачи со своја смирувачка светлина среде светскиот мрак. Дозволи таа светлина да се пробие и во нашите ду ши, да ги облагороди нашите срца и да го осветли нашиот живот. Господи, се поклонуваме пред Твоето распетие, со наполно сознание за нашата немоќ и грешност. И со сета сила на нашата вера, од длабочината на нашата вознемирена душа Ти се молиме: прости ни ги гревовите, излеј ја Твојата семоќна благост врз нас и во нашите срца утврди ги верата, љубовта. правдата и милосрдието. Господи, зачувај не од зли мисли и зли дела, та со набожност и чистота да се клаььаваме пред Твоите страдања и да го славиме Твоето спасоносно име”. Амин.