Денеска е ден кога по целата православната екумена Црква извршува помен за починатите. Задушница. Нашите починати браќа и сестри со нетрпение ги очекуваат овие денови во годината кога се прави помен, бидејќи тоа им дава утеха, им ја подобрува состојбата. Грижата за нашите преселени браќа и сестри ни е должност, бидејќи сме едно стадо во пастирот Христос, а со тоа и самите ние овде добиваме огромна полза. Давањето милостина во име на упокоените ја привлекува Божјата милост и благослов.
Во нашиот манастир, каде за повеќе од илјада години се пролевале монашка и христијанска крв и пот, во подвизи, борби, молитви и искушенија, во благодарност, славословие и молитви кон Бога, врската со нашите предци е особено силна и жива. Молитвено спомнувајќи си за сите нив по име и чин, како и за сите оние кој секој ги има на ум, и секого и секоја, просевме милост од добриот и човекољубив Бог. На оваа умилителното богослужение наречено Панихида претстоеше нашиот Старец Епископ г. Партениј. Таа молитва за нас монасите е наша конекцијата со Бога, со небесното, со идното.
Упокој ги, Господи, душите на твоите слуги во Земјата на мирот, на спокојот, во Татковината на вечно живите – во Христа нашиот Бог, и направи им го споменот вечен!
Вечен им спомен!