Бигорскиот манастир го прослави празникот на својот патрон

Отсекувањето на главата на најголемиот и последен пророк од Стариот Завет, свети Јован Крстител, главната манастирска слава на древното македонско духовно светилиште, манастирот „Св. Јован Бигорски“, беше одбележан со празнична вечерна и утрена богослужба и архиерејска Литургија.

Во навечерието на празникот (10 септември), на вечерната богослужба со која чиноначалствуваше надлежниот архиереј на Дебарско-кичевската и Плаошко-струшката епархија, митрополитот г. Тимотеј, во сослужение со Брегалничкиот митрополити г. Агатангел, присуствуваа голем број на верници од долнореканските и дебарските села, многу православни граѓани од целата наша држава, како и граѓани со друга вероисповест, кои дојдоа да Му се помолат на Бога и да го слават Св.

Јован Крстител, кој ги разобличувал неморалот и беззаконието во времето во кое живеел, не плашејќи со од опасностите на коишто можел во тоа време да биде подложен.
И на празничната утринска богослужба во чест на патронот на манастирот „Св. Јован Крстител“, манастирската црква на Бигорскиот манастир беше претсна да го прими целиот тој народ пристигнат од сите краишта на нашава држава. За време на Литургијата, митрополитот г. Тимотеј, го ракоположи во ѓакон богословот Мики Миовски од Велес, од Повардарската епархија.

Сите присутни на ова празнување беа восхитени од новиот лик на Бигорскиот манастир, кој е автентичен на претходниот и изгледа токму онака каков што и бил пред опожарувањето во 1912 година.