Манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир, беше претесен да ги прими сите верници кои сакаа во ова македонско древно светилиште да бидат во пресрет на раѓањето Христово – Божик.
Во Бигорскиот манастир беа и естрадните уметници групата Љубојна, потоа Некст Тајм, Димитар Андоновски и Елена Ристевска, кои пред присутните изведоа мини Бадников концерт. Тие присуствуваа и на сеноќното бдение.
На бдението игуменот на Бигорскиот манастир, отец Партениј, со слово се обрати на многубројните присутни, кои беа од сите краишта на Македонија. Бдението продолжи до 6 часот изутрина, а традиционално отец Партениј најмладите ги израдува со божикни пакетчиња.
-Храмот беше навистина претесен да ги собере сите оние луѓе кои тука пристигнаа, а меѓу нив најмногубројни беа младите кои жедни за да се напијат од изворот на оваа духовна радост, го примија и благословот кој штедро им Го излеа Богомладенецот Христос, вели отец Кирил.
Инаку, во Дебар и Ростуше првпат вчера имаше бадникови поворки со четресеттитна деца од Дебар и неколку села од Река, опшина Маврово и Ростуше. Поради продолжениот викенд заживееја и селата од Мала Река, Тресонче, Гари, Осој… каде за празниците се некогашните жители и нивните потомци, кои денеска живеат главно во Скопје и Битола.