Манастир Св. Јован Бигорски” – Река”

Манастирскиот комплекс „Св. Јован Бигорски“ е сместен во мошне впечатлива природна околина, по долината на реката Радика, близу Дебарското Езеро. Основан е во 1020 година, а манастирската црква која му е посветена на празникот „Отсекување на главата на св.Јован Претеча“ е подигната 1800 година. Црквата е живописувана во 18 век од страна на непознати зографи од Корча, а во 19 век од зографите Михаил и Димитар и познатиот Дичо Зограф и најпосле од Василиј К. Гиновски.

Манастирот “Св Јован Бигорски” има и богат иконопис создаван од 16 до 20 век. Надалеку прочуениот и вреден иконостас, по нарачка ода игуменот Арсениј, го изработила копаничарската тајфа на Петре Филиповиќ -Гарката во периодот од 1829 до 1835 година

Според верувањата на монасите од минатиот век, манастирот го подигнал монахот Јован, поглавар на Охридската црква, на местото каде што, според легендата, се појавила чудотворната икона на “Св. Јован

Претеча”. Монахот Јован се спомнува и во Грамотите на византискиот цар Василиј од 12 век.

Се смета дека од 14 до 19 век манастирот “Св. Јован Бигорски”, кој имал скрипториум и библиотека, бил еден од позначајните духовни центри во Македонија. Неговата денешна архитектонска структура потекнува од втората половина на 18 век и почетокот на 19 век и претставува синтеза на византиската традиција, ренесансно – барокните елементи и др. влијанија. Машката и женска трпезарија биле изградени од 1820 до 1825 година, а најголем дел од конаците од 1840 до 1826 година.

Низ историјата манастирот извршил големо културно и духовно влијание на значаен дел од територијата на Македонија и на дел од Албанија (Елбасан), каде што се наоѓале манастирските имоти.