Денеска се изведуваат завршните работи за утрешното хиротонисување на владика Партениј. Партерните работи во дворот на црквата Св Софија каде ќе се одржи службата ги извршува ЈП Градски Гробишта.
Игуменот на Бигорската Обител, отец Партениј на 21 мај годинава беше избран за нов епископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Со ова Бигорскиот Манастир стана епископско седиште.
Синодот на МПЦ-ОА; отец Партениј го избра за владика на седницата на 21 мај на предлог на Дебарско-кичевскиот Митрополкт г. Тимотеј.
Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на дебарско-кичевската епархија и останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епископско седиште.
Отец Партениј е четиринаесетиот владика во Синодот на МПЦ-ОА.