По покана на нашиот старец и игумен, Епископ г. Партениј, денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски ја посети Свештената Бигорска Обител. Почитуваниот гостин беше пречекан од нашето братство во духот на манастирското гостољубие и запознаен со животот и мисијата на Манастирот. Во топлата и пријателска атмосфера Старецот и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ разговараа за разни теми што се однесуваат за добросостојбата и благоуспевањето на нашата држава и на нашето општество. Притоа, г. Христијан Мицкоски искажа голема благодарност и поддршка за благородната евангелска мисија на Владиката Партениј и на неговото братство. Од своја страна, Старецот му се заблагодари на ценетиот гостин за посетата и за укажаната морална поткрепа.
Поврзано
Преображение во Пречиста
- 19 август 2021
Архијерејски благослов за почетокот на Богородичниот пост
- 14 август 2021
Беcомачноста на нашето време
- 25 јули 2021