По покана на нашиот старец и игумен, Епископ г. Партениј, денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски ја посети Свештената Бигорска Обител. Почитуваниот гостин беше пречекан од нашето братство во духот на манастирското гостољубие и запознаен со животот и мисијата на Манастирот. Во топлата и пријателска атмосфера Старецот и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ разговараа за разни теми што се однесуваат за добросостојбата и благоуспевањето на нашата држава и на нашето општество. Притоа, г. Христијан Мицкоски искажа голема благодарност и поддршка за благородната евангелска мисија на Владиката Партениј и на неговото братство. Од своја страна, Старецот му се заблагодари на ценетиот гостин за посетата и за укажаната морална поткрепа.
Поврзано
Соопштение по повод Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден
- 25 септември 2026
Евхаристиска полнота на Богородичното торжество во Пречиста
- 22 септември 2026
На Рождеството на Пресвета Богородица – нова монашка рожба во Христа
- 21 септември 2026











