Видео записот за ,,Божикна серенада“ како шести по ред традиционален Божикен подарок од Бигорскиот манастир и Бадникови поворки, е завршен и Ви го предаваме со најголема љубов.
Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви! Христос се Роди!
Овој видео запис ја оживува серенадата преку една прекрасна божикна песна којашто на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Низ една филмска приказна не’ враќа во минатото на Битола, градот којшто серенадата ја има како дел од својата културна традиција.
Божикната серенада во себе го носи специфичниот богат византиски мелос. Ја пееле возрасните коледари коишто оделе од куќа до куќа и весело ги повикувале домаќините да одат во црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома.
Овој видео запис ќе остане вечен сведок за мисијата на Бигорскиот манастир и Бадникови поворки како народен, културен и духовен проект.
Екипата, којашто со благослов на Владиката Партениј го оствари овој голем духовно-културен проект, е составена од:
режија – Дејан Пројковски, Горан Наумовски
директор на фотографија – Горан Наумовски
камера – Стојан Стојановски
асс.на камера – Александар Котевски
продукција – 2С Студио Стојан Стојановски
изведувачи: Лозано, Димитар Андоновски, Никола Перевски – Нокаут, Стефан Филиповски – Некст тајм
актери: Никола Стефанов Благица Пупуноска, Ања Сливоски, Соња Михајлова, Митко С. Апостоловски, КУД – Илинден Битола
инструменталисти: Страшо Темков – флејта, Петар Христов – кларинет, Александар Тасевски – фагот, Иван Еминовиќ – клавијатури, Весна Станоевска Миќиќ – харфа, Тимко Чичаковски – канон, Антоние Весковски – перкусии, Владимир Цветковски – виолина, Гоце Вангеловски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас
снимање, миксање и мастеринг: студио „Алшар”
музички инжинер: Ивица Јанкуловски
оркестрација и аранжман: Владимир Димовски
Благодарност до: Митрополит Преспанско Пелагониски г. Петар, семејството Османли и Пејчиновски Пеце.
БОЖИКНА СЕРЕНАДА
Не слушаш, гулабице моја?
Дојдов во твојата маала, ај,
твојата маала будна е,
ти, пак, уште тешко спиеш.
Стани сега, оди на црква,
стани ти, камбаните бијат,
ај, Христос се роди денес,
голем празник е за сите.
Во овој дом што пееме,
камен да не падне,
ај, домаќинот на куќава
долго жив да биде.
Домаќине, пред икона
кандило златно имаш ти,
ај, да ставиш масло и вода,
тоа ќе ти свети в куќи.
Ако ставиш чисто масло,
ќе ти свети цела маала,
ај, госпоѓо, добра, убава,
ај, госпоѓо наша златна.
Стани сега, оди на црква,
стани ти, камбаните бијат,
ај, Христос се роди денес,
голем празник е за сите.
ХРИСТОС СЕ РОДИ! ЧЕСТИТ БОЖИК!