На покана и со благослов на нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, во неколкудневна посета на нашата Свештена Обител попладнево допатуваа членовите на еден од најпознатите и најдобри хорови по источно-православно црковно пеење, „Тропос“ од Атина, раководен од почитуваниот и вешт хорарх и учител, г. Констанин Ангелидис. Хорот ќе престојува во нашиот манастир неколку дена и молитвено ќе учествува во богослуженијата, со своето прекрасно пеење. Поводот за неговото гостување е споменот на светиот отец наш Партениј, Епископ Лампсакиски Чудотворец и именденот на нашиот Старец.
Членовите на хорот беа срдечно пречекани и примени од страна на игуменот, Епископ г. Партениј, кој топло им се заблагодари за трудот и жртвата што ја направија да допатуваат кај нас. Во продолжение, тој им посака добредојде и пријатен престој во манастирот и ги запозна накратко со манастирската историја. Членовите, од своја страна, му се заблагодарија на Старецот за гостољубието и ја изразија својата радост поради воспоставувањето на канонското и евхаристиско единство на нашата Црква.
„Тропос“ е основан во 2005 година, од протопсалтот и учител по источно-црковно пеење, г. Ангелидис, заедно со неговите соработници. Во своето десегашно 16-годишно постоење, тој учествувал на богослужби и настапи во повеќе од 20 земји, а позната е и неговата улога во обучувањето на светогорски монаси во византиското пеење. Хорот досега објавил серија од триесетина компакт-дискови (ЦД), со богата содржина од скапоценото источно псалтикијно наследство, кое опфаќа период од 13 век до денес.