Низ Благословената градина на Богомајката

Деновиве, а за првпат во Пречистанската Света Обител, со благослов на нашиот Старец, архимандрит Партениј, престојуваа дечиња кои беа дел од третиот летен камп по
Веронаука. Низ дружби, игри, пеење и прилагодени послушанија, најмладите Кичевчани, имаа можност да се запознаат со суштината на верата, но и со општежителниот манастирски поредок.

Оваа прекрасна дружба помеѓу малите манастирски гости и монасите, имаше за цел да ги допре највозвишените теми за верата, љубовта, надежта и радоста. Детските срца беа преисполнети со благодат и Му благодареа на Бога што имаа можност, овде, на ова свето и значајно за нив место, да ја пренесат својата огромна љубов кон Него.

Нека молитвите на Богородица секогаш ги штитат од секакви опасности, и нивните срца секогаш да чукаат во христијански дух. 
Амин!