Во пресрет на денот кога го славиме споменот на преподобна Макрина, нашиот многупочитуван Архиепископ, Неговото Блаженство, г. г. Стефан, ни направи голема радост, доаѓајќи ни во посета на нашите два манастири, воден од желбата да се запознае со текот на работите околу завршната фаза на возобновата на Бигорскиот манастир. Радоста ни ја зголемија и неговите ценети гости од Романија, протосингелот Климент, игумен на манастирот Сланик, посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, и старица Херувима со дел од своето сестринство од манастирот Аниноаса, посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец. Обата манастири се наоѓаат во епархијата Аргешулуи ши Мускелулуи, со која раководи архиепископот Калиник. Сестрите од Романија заедно со својот духовник, о. Климент, кои се наоѓаат во неколкудневна посета на нашата земја, со големо задоволство се запознаа со нашиот старец, архимандрит Партениј, како и со убавините на нашите два манастири, и со братството и сестринството ги споделија своите впечатоци за срдечноста и гостопримството на нашиот народ. Неговото Блаженство, г. г. Стефан, пак, ја искажа својата радост поради присната соработка со манастирите од гореспомнатата епархија, за која изрази надеж дека во иднина уште повеќе ќе се продлабочува.
-
Под мајчинскиот Покров на Пресветата Богородица во Ростуше
- 14 октомври 2026
-
Покриени од Мајката, за да покриваме и ние
- 14 октомври 2026
-
Манастирот Пречиста во знакот на Крстот и просветлението
- 4 октомври 2026
-
Крстот – врата на славата
- 4 октомври 2026
-
-
Воздвижение на Крстот, воздигнување на душите
- 27 септември 2026
- Најчитани објави
-
Покриени од Мајката, за да покриваме и ние
- 14 октомври 2026
-
Под мајчинскиот Покров на Пресветата Богородица во Ростуше
- 14 октомври 2026
Житија на светителите
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022











