Вчера попладнето, Светите славни и сефални Апостоли ни приредија уште едно духовно веселие – во посета на нашата Обител ни го донесоа нашиот возљубен архипастир, Митрополитот г. Тимотеј, кој беше придружуван од игуменот на Свештената Обител на Свети Наум Охридски, Архимандрит г. Нектариј и отец Наум Десподовски од Австралиско-сиднејската епархија. Многупочитуваните гости пристигнаа во Манастирот за време на вечерната богослужба, удостојувајќи нѐ со своите свети молитви. Потоа тие имаа срдечна средба со нашиот игумен, Архимандрит г. Партениј, во атмосфера на радосно расположение од вчерашниот голем празник.
Поврзано

Благослов и духовна поткрепа за едно благородно спортско семејство
- 7 септември 2025

Средба на епископот г. Партениј со митрополитот г. Георгиј
- 18 август 2025

Апел кон верниците од Дебарско-кичевската епархија
- 18 декември 2024