Попладнево во посета на Свештената Бигорска Обител допатува протојерејот отец Наум Деспотовски, парохиски свештеник во храмот на Светите Браќа Кирил и Методиј во сиднејската населба Розбери, Австралија. Отец Наум, кој е голем почитувач на нашето монашко братство и на неговата севкупна дејност, оствари средба со нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, со кого се пријатели долги години. Ревносниот свештенослужител ја исползува оваа посета, за да му се заблагодари на владиката Партениј и на братството за секојдневните молитви и за да го принесе својот личен прилог за Манастирот, за што му ја изразуваме нашата голема благодарност.
Поврзано
Посета на високи гости од Австрија во Бигорскиот Манастир
- 27 октомври 2024
Посета на амбасадорот на Австрија
- 31 мај 2024
Даровите на задоцнетиот мудрец
- 4 јануари 2024