Попладнево во посета на Свештената Бигорска Обител допатува протојерејот отец Наум Деспотовски, парохиски свештеник во храмот на Светите Браќа Кирил и Методиј во сиднејската населба Розбери, Австралија. Отец Наум, кој е голем почитувач на нашето монашко братство и на неговата севкупна дејност, оствари средба со нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, со кого се пријатели долги години. Ревносниот свештенослужител ја исползува оваа посета, за да му се заблагодари на владиката Партениј и на братството за секојдневните молитви и за да го принесе својот личен прилог за Манастирот, за што му ја изразуваме нашата голема благодарност.
Поврзано

Посета на Амбасадорот на БиХ во Бигорски
- 5 август 2023

Филхармониски концерт во Бигорски
- 5 август 2023

Посета во с. Модрич
- 21 јули 2023

Посета на вицепремиерот г-ѓа Славица Грковска
- 20 март 2023