Познатиот македонски маратонец, 55-годишниот др. Бошко Илиев, кој до сега има пливано во повеќе езера во земјава и земјите од регионот, вчера во чест на големиот Јубилеј 1000 години од основањето на нашата света Обител, го преплива Дебарското езеро од Мелнички мост па се’ до браната пред градот Дебар во должина од седум километри за околу три часа. Др. Бошко Илиев нагласи дека оваа негова активност е и во рамките на одбележувањето на 1ооо годишнината на манастирот Свети Јован Бигорски . Манастирот Бигорски е прекрасен и годинава слави навистина голем јубилеј додаде Илиев.
Др. Илиев, инаку специјалист по спортска медицина од Кавадарци, до сега има учествувано на над 90 маратонски трки во поширокиот Балкански регион, како и во повеќе езера низ нашава земја.
Др. Илиев, пред почетокот на пливањето го посети и нашиот метох манастирот ,,Свети Георгиј Победоносец”, Рајчица и се поклони на неговите мошти, примајќи голем благослов.
Бог да го благослови заради неговиот подвиг и да му даде добро духовно и телесно здравје за нови спортски подвизи во слава на нашиот Бог.