31 декември 2018/(13 јануари 2019) лето Господово
1. Архимандрит Партениј добитник на највисоката почесна награда на ЕУ – „Граѓанин на Европа“
Нашиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, е еден од 50-те лауреати оваа година на највисоката почесна награда на Европскиот парламент – „Европски граѓанин“. За ова престижно одличие, тој беше номиниран од европратеникот од пратеничката група ЕНП/ГЕРБ, г. Андреј Ковачев. Во своите мотиви за номинацијата, г. Андреј Ковачев, меѓу другото, нагласува: (Повеќе…)
2. (Видео) Монашење во Пречиста
И ете, таа пресвета наша Мајка, во својата голема Светиња, Пречистанската Обител кај Кичево, си избрала за себе такви чисти души, коишто, имајќи ја нејзината непрестајна мајчинска грижа, ќе се трудат да го последуваат нејзиниот Божествен живот во Светињата на светиите. (Повеќе…)
3. Монашење во Рајчица во навечерието на Свети Георгиј
Се радуваше и со благодарност трепереше секоја присутна душа, но сепак, за една посебна, ангелска, од Бога избрана, оваа вечер беше, несомнено, едно неповторливо свадбено веселие, нејзино божествено венчание со преслаткиот небесен и бесмртен Жених – Господ Исус Христос. (Повеќе…)
4. Благочестивите браќа Шурдоски ѝ вратија на Црквата голема светиња
Премудриот Бог, Кој однапред го знае исходот на секое дело, и од Чии очи не може да сокрие ни најмалото нешто, преку еден чудесен настан уште еднаш ни ја покажа Својата Промисла и грижата за Своите светињи. (Повеќе…)
5. Архимандрит Партениј ја прими наградата од Европскиот парламент во Брисел
Добитникот на наградата Европски Граѓанин од 2018, Игуменот на Бигорскиот Манастир, Архимандрит Партениј, веќе две и пол децении интензивно се занимава со хуманитарна дејност, работејќи со социјално ранливи категории, коишто се особено актуелен проблем на денешницата. Во духот на Европската култура и цивилизација значајно придонесува за градење мостови и унапредување на соработката меѓу народите на културно и духовно поле, како и јакнење на соживотот и меѓусебното почитување. (Повеќе...)
6. Никогаш не отстапувај од Бога, колку и да паѓаш, колку и да грешиш
Кој Го љуби Бога, тој сака и да страда за Бога, и – во рамките на неговата љубов – расте и неговата желба да претрпи сè, само Господ да не се оддалечи од него и за да му стане поблизок. А човек не може, а да не Го љуби Господа, кога му се приближува, поточно кога Господ нему му се приближува. (Повеќе…)
7. Литургиско возвишение во таворското светлоозарение на Крчин
Во присуство на повеќе од 350 верници – планинари, алпинисти, спортисти и вљубеници во православната богослужба и во природните убавини, имавме една прекрасна можност, заедно со сите нив да Му ги произнесеме на нашиот Господ своите молби и топлото душевно расположение. (Повеќе…)
8. Архимандрит Партениј: Идеалите на Европа треба целосно да се сообразат со Христовото Евангелие
Ние често повторуваме, дека најважно за сите е европската перспектива за нашиот регион. Ние работиме за тоа. Имено и Архимандрит Партениј е доказ дека таа кауза е возможна и реална. Тој е познат по својата почит за сите луѓе, без разлика на нивната религиозна, етничка и национална припадност. Со својата активна, достојна за почит и неуморна родољубива дејност, тој има значаен придонес за укрепувањето на европскиот дух и вредности на луѓето, не само во Македонија, туку и во целиот регион. (Повеќе…)
9. Њутн за воскресението на мртвите
Оној, којшто му дал толкава сила на мртвиот метал, зарем нема да им даде сила и на нашите души кога ќе треба да се вратат во нивните сопствени тела? (Повеќе…)
10. Струшкото торжество на Христовиот Војвода Георгиј
Блестејќи со победнички блесок, миротворната поворка на Светиот Великомаченик Георгиј и оваа година, од улиците на Струга ги испрати насекаде евангелските и вечновистинити пораки на Христовата сеобединувачка љубов. (Повеќе…)