Почитувани читатели,
Со особена радост и чест ве известуваме дека во недела, на 6 септември, во 12 часот, ќе биде промовирана книгата Вековит Светилник, на професор д-р Вера Стојчевска Антиќ.
Станува збор за дело пишувано во и за Бигорскиот Манастир и за секојдневниот живот во него. Всушност, пред десетина години професорката Антиќ доаѓаше во неколку наврати во Бигорски и престојуваше по повеќе дена, така што имаше можност одблиску да се запознае со животот на тогашните браќа и поклоници. Своите впечатоци таа ги запиша на повеќе страници, од коишто и произлезе оваа книга.
По Божја промисла, издавањето и промоцијата на книгата се случуваат во годината кога Бигорската Обител го слави своето илјадалетие и токму затоа, тие се посветени на големиот јубилеј.