На 19 јануари, Богојавление според јулијанскиот календар, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј претстоеше за време на совршувањето на светата Литургија во с. Триглија (Zeytinbağı) на јужниот брег на Мраморното море, недалеку од големиот град Пруса (Бурса), кадешто има општина од руски, украински и молдавски православни христијани. Тие се времено вработени во Турција, а доаѓаат од јуриздикцијата на Руската православна црква и го познаваат црковнословенското богослужение. Веќе неколку години за нив се извршуваат служби на црковнословенски јазик од страна на архим. Харалампиј (Ничев), родум од Бугарија, кој во меѓувреме стана и свештеник за бугарските цркви во Константинопол. Во обновениот стар храм тој периодично ги извршува богослуженијата за нив.
Поврзано
(ВИДЕО) Богојавление во Ростуше и на Радика
- 19 јануари 2026
Традиционалното реканско бдение во пресрет на Богојавление
- 18 јануари 2026
Богојавление – осветување на тварта и спасение на целиот човек
- 18 јануари 2026
Восфаление на свети Георгиј со патријаршиски благослов
- 16 ноември 2025











