Гласовен документ: Како би звучело кога би се наоѓале во Света Софија пред 1500 години

Извор:

Група научници од Универзитетот Стенфорд во соработка со хорот Capella Romana, ги исползувале сите расположливи средства, за да го снимат искуството од тоа некој да се наоѓа во Света Софија пред 1500 години! Резултатот е навистина изненадувачки!

Света Софија во Константинопол, или како што се нарекува со други имиња: „Византиски Храм на Вишната Премудрост на Воплотеното Слово Божјо“, „Храм на Светата Божја Премудрост“, „Великата Црква“, е несомнено најпознатиот и омилен музеј во Истанбул.

Погледнете го прекрасното видео, со уникатниот гласовен документ што укажува како би звучело пеењето во византиско време, во овој најубав храм на Православието.



Неколку историски факти за Света Софија

Храмот бил изграден на местото каде што некогаш Свети Константин Велики, или според некои други, синот на Константин, го изградил првиот храм Света Софија, којшто бил осветен во 360 година.

Овој храм бил, всушност, базилика со дрвен кров, којашто изгорела во 404 година, за време на катастрофите што следеле поради изгонувањето на Свети Јован Златоуст. За време на Теодосиј II, во 415 година, бил изграден нов храм, кој изгорел за време на востанието Ника во 532 година.

По сите овие настани, Јустинијан Велики одлучил да изгради една нова црква посветена на Воплотеното Слово Божјо, т.е. на Христа, Кој од Апостолот Павле, во неговото Прво послание до Коринтјаните глава 1, стих 24, е наречен „Божја Премудрост“.

Работите околу изградбата на храмот ги надгледувал лично императорот Јустинијан. Тие започнале во 532, а завршиле за пет години, во 537 година, временски период што се смета за огромен успех за таа епоха, имајќи ги предвид тешкотиите при подигнувањето на толкава уникатна градба.

Храмот бил осветен на 27 декември 537 година, под раководство на Јустинијан. Во 558 година куполата на храмот паднала за време на еден силен земјотрес и нејзината обнова ја презел Исидор, внук на еден од архитектите на храмот. Делото било завршено во 563 година и храмот бил преосветен, повторно под раководство на Јустинијан, на 23 декември истата година.

Во 989 година, повторно земјотрес предизвикал рушење на куполата на западната конха, но храмот бил возобновен. Последното рушење на источниот дел од куполата се случило во 1346 година, после што таа била обновена според стилот на претходниот градител, Исидор помладиот.

По освојувањето на Константинопол од Османлиите во 1453 година, храмот Света Софија бил претворен во џамија и надворешно, на четирите агли, биле додадени четири минариња. Однатре биле додадени таблици со испишани на нив извадоци од Куранот. Активностите за реставрација ги започнале познатите архитекти, браќата Фосати, во 1847 година.

Од 1934 година до денес, храмот Света Софија функционира како историски и археолошки музеј.