Ј. Аманатидис: „Решавањето на украинското прашање е право на Вселенскиот Патријарх“

Извор:

Автор: Спирос Папагеоргиу

Право на Вселенскиот Патријарх е да доделува автокефалија на онаа Црква за која ќе процени тој, потенцира поранешниот заменик министер за надворешни работи на Р. Грција, Јанис Аманатидис, говорејќи за радио „Сто кокино“.

„Никој не може да го оспори канонското право на Вселенската Патријаршија по овие прашања. Ние како земја ги следиме овие теми, што создаваат последици, но не можеме да се мешаме, ниту сакаме да се мешаме во нив,“ рече карактеристично г. Аманатидис.

Поранешниот заменик министер уште појасни дека судирот помеѓу Фанар и Москва не е раскол, бидејќи не се однесува на догматски, туку на јурисдикциски разлики. „Зборот раскол е доста претеран; се работи за процеп, зашто Вселенската Патријаршија нема направено потег против Московската Патријаршија, туку чекорот е едностран,“ додаде конкретно.

За крај, тој потцрта дека „овие прашања постојат црковно во продолжение на децении и векови, а не само во последно време… Прашањето не е од сега, туку од пред многу години во 1686, кога на Московскиот Патријарх му беше отстапено правото да ги ракополага Киевските Митрополити, кои ќе го спомнуваат името на Вселенскиот Патријарх“.