Кина: И покрај прогонот, Христијанството цвета

Извор:

Значаен процут бележи Христијанството во Кина последниве години, и покрај прогоните и обидите што ги преземаат властите за бришење на какви било христијански обележја.

Најголемата печатница во земјата објави дека во 2019 година отпечатените примероци на Библијата ја надминаа бројката од 200 милиони. Иако вообичаено станува збор за нарачки од странски компании за извоз, сепак вреди да се забележи дека скоро половина од испечатените примероци се распределени во внатрешноста на земјата, преведени и на единаесетте народни дијалекти на Кина.

Денес се проценува дека во Кина живеат повеќе од 100 милиони верници, додека секоја година се крштеваат илјадници Христијани.

Се проценува, исто така, дека до 2030 година Кина ќе биде земја до најголемо (во апсолутна бројка) христијанско население во светот.

Според извештајот на организацијата Open Doors, Кина го зазема 27-то место што се однесува на гонењето на Христијаните.

Комунистичкиот режим има затворено многу цркви, конфискувани се свештени книги, додека илјадници верници се лишени од слобода поради верски причини.