Крахот на РПЦ

Извор:

Светиот Синод на РПЦ имаше вонредно заседание за „украинското прашање“. Пуста работа. Нема такво прашање. „Укриаинското прашање“ за РПЦ и пошироко, за Русија, веќе е решено, заклучно со 2014 година. Ова „прашање“ беше решено со војна еднаш засекогаш и не може да има никакво враќање назад под петата на Кремљ. Украина е и ќе биде независна од Руската држава – што подалеку, тоа подобро. И Украинската Православна Црква ќе биде независна од РПЦ. Ова е единствената реалност која денес постои.

И што побрзо за неа се свестат во РПЦ и во Русија, тоа подобро. Во земјата на измамата и самоизмамата треба, конечно, да се научиме чесно да гледаме на себе си и на светот.

Еве што би требало РПЦ да знае денес.

Заседанието на Светиот Синод треба да се занимава со „руското прашање“, зашто главен и единствен виновник за политичкото решение на Украина да добие автокефалија за својата Православна Црква е руската власт (пред сè, лично Путин) и вишите раководители на РПЦ. Вие сами ја доведовте најголемата Црква во нашата земја до крах, а Патријархот Константинополски нема никаква вина. Тој најтрезвено гледа на работите, заразлика од вас, православните руски јерарси.

Вие би требало да започнете да подготвувате реформа на односот на вашата Црква со власта, чиј дел сте и самите вие и што ве донесе до денешнава катастрофа во Украина. Вие мора да се ослободите од руските власти, да станете независни од нив. Вие мислевте дека лесно ќе си се средите, станувајќи дел од рускиот државен механизам, поврзувајќи се со него, примајќи привилегии и содејства во сè што на руските власти би им било угодно. Никогаш тие власти од вас не виделе отпор. Во ништо.

Така, потполно е природно што проблемите на денешните руски власти донесоа потешкотии за РПЦ. Неуспехот на Путин во Украина последователно доведе до неуспех на Патријархот Кирил таму. А што друго очекувавте? Дека сè ќе биде како порано? Ако е така, тогаш сте биле многу наивни, а најверојатно залудно се надевавте дека руските власти ќе ви помогнат. Тие не можеле и не можат. И тие самите сега бараат некој да им помогне, но нема никој. Не остана ниту еден сојузник во светот.

Но, тоа не е крајот, јерарси на РПЦ.

Може со сигурност да се каже дека ве очекува уште. Откако Русија ќе стане нормална демократска држава, РПЦ ќе се лиши од секаква државна поддршка. И вие усрдно ќе почнете потрага по влијание во Русија – вам ќе ви помине модата, додека чиновниците кои сакаат да стојат на празниците во црква, подражавајќи го Главниот, ќе го заборават патот што води накај вас. А и значителен дел од општеството ќе се ослободи од походите кон вашите храмови. Сето ова, јерарси на РПЦ, ќе ви стане во Русија. И ќе се случи неизбежно, како што неизбежно се случи тоа што ви претскажуваа дека ќе се случи во 2014 година во односите со Украина.

Затоа, господа од РПЦ, не се занимавајте со Украина, не со Константинопол, а исклучиво со самите себе, со себе и уште еднаш со себе – со својата Црква и со својата земја. Почнете да живеете во времето што настапи. И размислете главно за себе – за тоа кому и за што ќе бидете потребни во Русија утре.

Пишува: СерпомПо, Telegram-канал