САД на страната на Вселенската Патријаршија за украинското прашање

Извор:

Портпаролот на Државниот Секретар на САД, Хедер Науерт, денес даде изјава во поглед на верските слободи во Украина.

„Соединетите Американски Држави силно ги поддржуваат верските слободи, вклучувајќи ја и слободата на членовите на групите да ја држат својата религија согласно нивните верувања и да ја практикуваат нивната вера слободно, без мешање на власта. САД ја почитуваат способноста на украинските Православни верски водачи и верници да бараат автокефалија согласно нивните верувања. Ние го почитуваме Вселенскиот Патријарх како глас на религиска толеранција и меѓуверски дијалог,“ се вели во изјавата.

Секретаријатот потенцира дека САД недвосмислено ја поддржуваат Украина и нејзиниот територијален интегритет пред руската агресија во источна Украина и руската окупација на Крим.

„Ние исто така ја поддржуваме Украина во трасирањето на сопствениот пат и носењето на сопствените одлуки и здружувања, без надворешно мешање,“ додава Науерт.